Eкипата на Манчестер Јунајтед е блиску до доведување уште еден фудбалер.
Oткако клубот ова лето ги доведе Арон Ван-Бисака и Даниел Џејмс изгледа дека на ред дојде Португалецот Бруно Фернандеш.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за 24 годишен играч кој игра за Спортинг Лисабон и е желба на голем број европски клубови.
Британски „Сан“ утрово објави дека Манчесте Јунајтед ги договорил личните услови со овој фудбалер и дека Португалецот е блиску до преминување на „Олд Трафорд“.
Двете страни се надеваат дека ќе дојде до договор помеѓу клубовите што единственото нешто што преостана за трансферот да се реализира.
Спортинг сигурно нема лесно да го пушти својот играч и смета дека Јунајтед ќе мора да плати барем 60 милиони фунти доколку сака да ја заврши работата.
Инаку, Фернандеш во претходната сезона одигра вкупно 53 натпревари и оствари фантастичен учинок од 32 гола и 18 асистенции.