Дома Фудбал Репрезентации Maкедонија напредуваше на ФИФА ранг листата!

Maкедонија напредуваше на ФИФА ранг листата!

Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше две места и сега се наоѓа на 66-та позиција на најновата ФИФА ранг листа.

Победата против Ерменија во Скопје и ремито против Грузија на гости ни донесоа напредок за две позиции во рангираните.

Во овој момент ние сме на 66-та позиција со 1351 бод и оваа позиција ја делиме со Албанија и Саудиска Арабија кои имаат ист број на бодови. Противникот на Македонија во баражот за пласман на ЕП преку Лигата на Нации, Косово се наоѓа на 116-та позиција.

Промена има во топ 5 каде што успеа да влезе Португалија. Првите четири репрезентации редоследно се: Белгија, Франција, Бразил и Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аматерска грешка на Кепа, Мане не простува🎥

Ливерпул во второто полувреме за само 10 минути го „реши“ Челзи и води со 2:0. Стрелец на …