Жозе Мурињо беше разочаран по ремито на Рома со Сасуоло (1:1), а Португалецот обвини и еден од своите фудбалери за непрофесионален однос, меѓутоа не го откри неговото име.
Мурињо отворено му кажал на фудбалерот да си замине во јануари, меѓутоа не очекува тоа да се случи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Последните две кола беа тешки, денес имавме добар перформанс со позитивен и професионален однос. Жалам што напорите на тимот беа предадени од еден непрофесионален играч. Непрофесионалното однесување не е фер кон соиграчите и тоа ме разочара, бод на гости не е негативен и генерално сум среќен од односот на тимот“.
Новинарите го запрашаа за името на играчот, меѓутоа Жозе не сакаше да открие.
„Нема да ви кажам за кого станува збор. Денес имав 16 играчи, задоволен сум од односот на 15. На тој еде му кажав дека во јануари треба да си бара нов клуб, но се сомневам дека ќе го направи тоа“, изјави португалскиот стратег.
Медиумите шпекулираат дека во прашање е Рик Карсдроп.