Португалскиот стратег, Жозе Мурињо пред два дена доби отказ од Рома, а според последните информации би можел да седне на кормилото на друг клуб во Серија А.
Рома го отпушти Португалецот поради лошите резултати во последниот период, додека медиумите тврдеа дека имало и расправија со сопственикот Ден Фридкин.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но, не помина долго за Мурињо да го поврзуваат со уште еден италијански тим. Имено, „Спортмедиасет“ објави дека агентот Жорж Мендеш му се јавил на Де Лаурентис и го предложил Мурињо како решение за клупата.
Наполи е во потрага по нов стратег за сезоната 2024/2025 и Мендеш сака да го искористи блискиот однос со Де Лаурентис за брзо да му најде нов клуб. Во овој момент на клупата на Наполи е Валтер Мацари на кого не му оди баш најдобро.