Славниот португалски тренер Жозе Мурињо ги изнесе своите предвидувања околу расплетот оваа сезона во Лигата на шампионите.
Мурињо гостуваше во подкастот на Рио Фердинанд, а во него призна дека многу го болел отказот кој неодамна го добил во Рома и дека поради римскиот клуб одбил да биде селектор на Португалија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За Мурињо фаворити во Лигата на шампионите се Реал Мадрид и Манчестер Сити.
„Би кажал дека Лигата на шампионите ќе ја освојат Манчестер Сити или Реал Мадрид. За мене би било изненадување ако ја освои некој друг. Иако до титула можат и Баерн и ПСЖ. Би сакал тоа да биде Реал поради клубот и Карло Анчелоти“, изјави Мурињо кој Лигата на шампионите во кариерата ја освојуваше двапати (2004 со Порто и 2010 со Интер).
Фаворитите на Мурињо беа успешни во првите осминафинални натпревари. Сити со 3:1 го победи Копенхаген, додека Реал со 1:0 го совлада Лајпциг.