Новиот тренер на Рома Жозе Мурињо за италијанските медиуми го коментираше претсојниот дуел на ЕУРО 2020 помеѓу Италија и Шпанија, како и тешката повреда на Леонардо Спинацола.
Славниот Португалец смета дека Шпанија не е толку силна како Италија, а откри дека разговарал и со Спинацола после повредата на Ахиловата тетива.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо во петокот пристигна во Рим и веќе утре треба да ги започне припремите со Рома за новата сезона.
„Италија е многу поврзана со својата репрезентација. Во овој момент сум во карантин во Рим со клубот, но од тука чувствувам дека сите се многу возбудени и позитивни поради националниот тим“.
Манчини направи фантастичен тим.
„Не им одеше добро сега се во полуфинале на ЕУРО. Тимот е одлично составен, знаат и да напаѓаат и да се бранат. Бонучи и Киелини можат да играат со затворени очи. Бековите се одлични, штета за Спинацола. Замислете како ми е мене. Нема да го имам отприлика шест месеци. Во репрезентацијата веројатно ќе биде заманет од Емерсон кој е добар и искусен играч, но Спинацола играше неверојатно добро“, изјави Мурињо.