Дома Трансфер зона Mладиот играч на Манчестер Јунајтед сака да замине затоа што Солскјер му кажал дека е пренизок

Mладиот играч на Манчестер Јунајтед сака да замине затоа што Солскјер му кажал дека е пренизок

Играчот на Манчестер Јунајтед, Анхел Гомес би можел да го напушти овој клуб откако тренер Оле Гунар Солскјер му кажал дека не е доволно висок за да игра во Премиер лигата.

После она што се случуваше оваа сезона во Манчестер Јунајтед јасно е дека многу играчи ќе го напуштат „Олд Трафорд“ во текот на летото кое следи.
Тренерот Оле Гунар Солскјер ќе има полни раце работа и потребни му се засилувања за наредната сезона која започнува за 88 дена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед на најлош можен начин ја заврши сезоната откако одигра два лоши натпревари против Хадерсфилд и Кардиф кои веќе испаднаа од Премиер лигата.

Единствена добра работа за Манчестер Јунајтед е што 17 годишниот Мејсон Гривуд заигра од првата минута против Кардиф и беше еден од најдобрите на теренот во тој натпревар.

Покрај него во 74-тата минута од тој натпревар влезе уште еден млад играч, Анхел Гомес, но овој тинејџер сепак би можел да го напушти „Олд Трафорд“.

Според пишувањето на португалските медиуми, Солскјер му кажал на Гомес дека не е на потребното физичко ниво за да игра во Премиер лигата, а тоа го налутило 18 годишникот.

Медиумите пишуваат и дека Гомес донел одлука да го напушти клубот.

Оваа информација изгледа го вклучила алармот кај Пари Сен Жермен и некои шпански клубови кои се заинтересирани да го доведат овој млад играч кој е висок 161 сантиметар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…