Синиша Михајловиќ пред неколку дена ја доби и втората битка, по онаа со леукемијата како победник излезе и од борбата со коронавирусот.
Михајловиќ со коронавирусот немаше поголеми проблеми, беше асимптоматичен и лесно се избори.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„После она што го поминав од јули до јануари и шестмесечната борба со леукемијата, три хоспитализации, хемотерапии и трансплатација на коскена срж коронавирусот за мене беше како испиена чаша вода“.
„Кај мене симптоми не се појавија, но не значи дека болеста не постои, не сум од оние кои велат дека Ковид-19 е само обична настаника. Бројката на хоспитализирани и починати ни покажува дека се работи за сериозен вирус“, изјави Михајловиќ.