Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски уште еднаш потенцираше дека е среќен во Абердин каде што го игра неговиот најдобар фудбал во кариерата.
Поради одличните настапи за шкотскиот гигант очекувано со името на Миовски се поврзуваат повеќе екипи и постои голема веројатност на лето да си замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Миовски во последната изјава за клупскиот сајт порача дека е среќен, меѓутоа додаде и дека во фудбалот никогаш не можете се да знете што ќе се случува.
„Со Абердин имам договор уште две години, среќен сум тука. Но, во фудбалот не знаете што носи иднината. Го сакам клубот и знам дека им е јасно на сите околу мене кои со раширени раце мре пречакаа и секогаш ќе им бидам благодарен. Ја играм најдобрата сезона во кариерата, ако гледаме индивидуално, но сакам да помогнам и да бидеме подобри како тим“, изјави Миовски.
Од почетокот на сезоната Миовски на 41 настап во сите натпреварувања постигна 22 гола и подели четири асистенции.