Дома Македонски спорт Mилевски за дебитантот Етеми: Валон игра во голема форма во силна лига

Mилевски за дебитантот Етеми: Валон игра во голема форма во силна лига

Селекторот Благоја Милевски денес го објави списокот на повикани фудбалери за последните два натпревари во квалификациите против Ерменија и Исланд.

Изненадувњето е Валон Етеми кој е за првпат повикан во репрезентацијата, Милевски на прес-конференцијата ја образложи својата одлука.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Валон е селектиран уште во генерацијата 96/97, беше дел од еден тест натпревар. Во последниот период игра во одлична форма, посебно на почеткот на оваа сезон. Има минутажа и ако продолжи така сигурно дека има потенцијал да ја зголеми конкуренцијата на крилната позиција. На него останува да видиме дали ќе се наметне“.

Тимот на Етеми, Инстанбулспор се натпреварува во втората турска лига.

„Турската втора лига е силна лига, мислам дека не треба да се гледа со потценување. Моја обврска е да ги следам првенствата каде што настапуваат нашите потенцијални репрезентативци, па така можам да потврдам дека во ова првенство има и тоа како добри играчи и силни тимови“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Голман од англиски гигант доаѓа во Интер целосно бесплатно!

Италијанските медиуми објавуваат дека Интер нашол замена за Јан Зомер, и тоа ни помалку, н…