Сеск Фабрегас очекува да остане во Челзи до крајот на сезоната.
Шпанскиот фудбалер на лето би можел да го напушти „Стенфорд Бриџ“, медиумите изминатите денови овој играч за врска го поврзуваа со Милан.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
„Не, се уште никој не разговарал со мене. Во јануари би можел да се договорам со некој клуб. Сега можам да кажам само дека во Челзи ќе останам до крајот на сезоната. Задоволен сум, тоа е најважно. Сепак, секој играч сака да поминува повеќе време на теренот“.
„Знам колку натпревари ќе одиграм и спремен сум. Зборував со тренерот. Се ми кажа отворено и морам да бидам подготвен за предизвиците кои доаѓаат“, изјави Фабрегас.
Фабрегас оваа сезона одигра четири натпревари во Лигата на Европа и три во Премиер лигата.
https://youtu.be/-iqiwTjdxiw