Дома Македонски спорт Мак баскет MЗТ го промовираше Петровиќ: Се враќам на добро познато место!

MЗТ го промовираше Петровиќ: Се враќам на добро познато место!

Повратникот на клупата на МЗТ Скопје, Александар Петровиќ, денеска официјално беше промовиран на новата функција и тоа со прес-конференција, на која беше претставен од извршниот директор МЗТ, Филип Ѓоревски.

Интересот на новинарите за неговото враќање во Аеродром беше големо, во обид да се чујат неговите размислувања, особено во делот на амбициите за клубот до крајот на сезоната.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Се враќам на добро познато место, во најдобро организираниот тим во Македонија каков што е МЗТ Скопје повеќе години наназад. Дојдов да дадам сѐ од себе за да ја одбраниме титулата и да се обидеме да го вратиме клубот таму каде што му е и местото – во АБА1-лигата. Нема да биде лесно, но ќе сторам сѐ да го извадам максимумот од тимот што ми е на располагање. Да бев од почетокот на сезоната, сигурно поинаку ќе беше селектиран составот, особено во делот на подмладувањето, со оглед што сега на располагање имам поголем број кошаркари длабоко навлезени во четвртата деценија. Ова не е барање алиби, туку факт. Јас сум подготвен врз себе да го земам сиот притисок кој е вообичаен во МЗТ и да ги ослободам играчите да играат онака како што знаат без да размислуваат на други работи. Време за големи промени немам, ќе гледам само да ја упростам играта и да ја зацврстам одбраната. И пред сѐ да внесам позитивна енергија, која и тоа како ќе ни биде потребна“, вели Петровиќ.

Повратникот на сино-белата клупа најави и подмладување за следниот период, односно шанса за талентите кои тренираат со првиот тим, нешто што со квалитетот го заслужуваат.

ФОТО: МЗТ Скопје

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…