Дома Актуелно Mбапе: Среќен сум, не сум побарал да заминам

Mбапе: Среќен сум, не сум побарал да заминам

Пари Сен Жермен славеше во дербито со Олимпик Марсеј во Лига 1, а единствениот гол на натпреварот беше дело на Килијан Мбапе кој овие денови е во центарот на вниманието.

Мбапе во центарот на вниманието беше поради тоа што во јавноста се појавија информации дека сака да го напушти ПСЖ  во јануари поради неисполнети ветувања од страна на ПСЖ.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, после вчерашниот натпревар Мбапе јасно порача дека никогаш не побарал да си замине во јануари.

„Не сум побарал никогаш да заминам во јануари. Не разбрав од каде излезе таа информација пред натпреварот со Бенфика. Ниту индиректно, ниту директно не сум вклучен.

Шокиран бев од веста како и сите останати. Можеби во јавноста сега се мисли дека сум, но не сум. Спиев, моите луѓе беа на натпревар на мојот брат кога видовме сите бевме запрепастени. Само сакам да кажам дека тука сум среќен и се што се пишуваше не е вистина“, изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Влаховиќ подготвен да потпише нов договор со Јувентус

Можеби ќе биде одложено враќањето на теренот на напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, за …