Дома Фудбал Италија Mурињо оваа сезона има необична цел – да не биде суспендиран!

Mурињо оваа сезона има необична цел – да не биде суспендиран!

Tренерот на Рома, Жозе Мурињо си постави една необична цел оваа сезона – да не биде суспендиран ниту еднаш!

Познавајќи го карактерот на „специјалниот“, тоа ќе биде тешка задача, но Португалецот ќе се обиде.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Мојата цел за оваа година е да имам нула суспензии. Но ако има една работа која не можам да ја променам тоа е мојата ДНК, мојата искреност и мојата вистина. Тоа ќе биде предизвик за мене, ќе се обидам да немам никакви проблеми со судиите“, изјави Мурињо.

Рома по три кола во новата сезона се уште нема победа, а вечерва ќе игра против Емполи од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона го договори Рашфорд, но вистинската ѕвезда допрва треба да потпише за Каталонците

Барселона успеа да го договори доаѓањето на Маркус Рашфорд, што ќе биде официјализирано во…