Како што стојат работите, екипата на Милан го пронајде напаѓачот кој би сакале да го доведат во летниот преоден рок и тоа во трансфер кој ќе биде нов клупски рекорд, пренесува „Газета дело Спорт“.
Изборот паднал на репрезентативецот на Словенија и напаѓач на Лајпциг, 20-годишниот Бенџамин Шешко.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот напаѓач кој за Словенија одигра веќе 27 натпревари и постигна 11 голови, според „Трансфермаркт“ вреди 40 милион иевра. Милан е спремен да го „одврзе ќесето“ и да плати повеќе од 60 милиони евра.
Ако Лајпциг ја прифати оваа понуда, Шешко ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на Милан. Тој рекорд во овој момент го држи Рафаел Леао кој од Лил пред сезоната 2019/2020 пристигна за 49.5 милиони евра.
Со Лајпциг, Шешко е под договор до 2028 година, а наводно во неговиот договор има откупна клазила од 65 милиони евра, но се шпекулира дека во зависност од остварувањата оваа сезона таа би можела да биде и поголема.