Дома Фудбал Англија Mилан во јануари може само да го договори Фабрегас, не и да го доведе

Mилан во јануари може само да го договори Фабрегас, не и да го доведе

Сеск Фабрегас очекува да остане во Челзи до крајот на сезоната.

Шпанскиот фудбалер на лето би можел да го напушти „Стенфорд Бриџ“, медиумите изминатите денови овој играч за врска го поврзуваа со Милан.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Не, се уште никој не разговарал со мене. Во јануари би можел да се договорам со некој клуб. Сега можам да кажам само дека во Челзи ќе останам до крајот на сезоната. Задоволен сум, тоа е најважно. Сепак, секој играч сака да поминува повеќе време на теренот“.

„Знам колку натпревари ќе одиграм и спремен сум. Зборував со тренерот. Се ми кажа отворено и морам да бидам подготвен за предизвиците кои доаѓаат“, изјави Фабрегас.

Фабрегас оваа сезона одигра четири натпревари во Лигата на Европа и три во Премиер лигата.

https://youtu.be/-iqiwTjdxiw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интересот е огромен: Вардар објави важни информации за натпреварот со Црвена Звезда

Хуманитарниот натпревар во корист на настраданите од трагедијата во Кочани, помеѓу ФК Вард…