Дома Топ вести Mбапе: ПСЖ не е мој проект, клубот постоел и ќе постои и после мене

Mбапе: ПСЖ не е мој проект, клубот постоел и ќе постои и после мене

Французинот Килијан Мбапе беше блиску да го напушти ПСЖ како слободен агент меѓутоа во последен момент се одлучи да го продолжи договорот и да стави потпис на соработка со „светците“ до 2025 година.

Потписот на Мбапе дојде како изненадување затоа што многумина веќе го видоа во дресот на „кралевите“. Сега Мбапе зборуваше за медиумите и го стави клубот на прво место истакнувајќи дека тој е само еден дел од сложувалката.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„ПСЖ за мене е многу важен. Претходно можеби не го покажував тоа на вистински начин. Сакам да се претставам со добри настапи, клубот ми значи навистина многу и тоа сите добро го знаат.

Јас сум дел кој влегува во овој проект, не бев основата. Клубот е на прво место, ПСЖ не е мој проект, постоел и ќе постои после мене“, изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Зборовите на Арбелоа ја потресуваат фудбалската планета: Го изјави тоа со целосно сериозен тон

Реал Мадрид полека излегува од кризата, а во 21. коло на Ла Лига на гостување го победија …