Дома Фудбал Лукас Пакета размислува за тужба против Фудбалската асоцијација на Англија!

Лукас Пакета размислува за тужба против Фудбалската асоцијација на Англија!

Фудбалерот на Вест Хем, Лукас Пакета, ги разгледува можностите за покренување тужба против Фудбалската асоцијација на Англија (FA) откако Независната комисија ги отфрли четирите точки на обвинение за местење натпревари против бразилскиот интернационалец.

Според информациите на BBC, адвокатите на Пакета разгледуваат сите опции, како што пренесуваат извори блиски до играчот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


FA започнала истрага во август 2023 година, што му носеше на Пакета можност за доживотна суспензија.

Бразилскиот фудбалер беше обвинет за четири можни прекршувања на правилата на натпреварите во Премиер лигата. Во крајот на јули, FA соопшти дека Пакета е ослободен од обвиненијата дека намерно добивал жолти картони за влијание врз пазарот на обложување, откако Независната регулаторна комисија утврди дека обвиненијата против бразилецот се неосновани.

FA во средата изјави дека нема да поднесе жалба на одлуката на Независната комисија која отфрлила четири точки од обвинителниот акт против фудбалерот од Бразил.

Пакета (28) е дел од Вест Хем од 2022 година, со претходно искуство во Лион, Милан и Фламенго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешниот фудбалер на Челси кој избра пари место слава ја завршува кариерата на 34 години поради проблеми со срцето

Бразилскиот фудбалер Оскар (34) е принуден да ја заврши својата кариера откако беше хоспит…