
Ромелу Лукаку го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда. Неодамна се врати на терен и на гостувањето во Верона постигна победнички гол во дополнителното време.
За време на репрезентативната пауза добил дозвола да се приклучи на репрезентацијата на Белгија, но мораше да се врати до денес на тренинзите со екипата.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Сепак, тој не се појави и без дозвола остана да тренира со репрезентацијата.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, тоа ги изнервирало сите во Неапол и планираат да го казнат дисциплински.
На Неапол ќе им биде тешко да ја одбранат титулата шампион на Италија до крајот на сезоната, но се блиску да обезбедат место во Лигата на шампионите. Во моментов се на трето место со 7 бодови заостанување од Интер.