Дома Фудбал Лукаку отворено призна: Сакав да ја напуштам репрезентацијата!

Лукаку отворено призна: Сакав да ја напуштам репрезентацијата!

Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку изјави дека размислувал да ја напушти репрезентацијата, делумно поради токсичната атмосфера во тимот за време на Европското првенство во Германија минатото лето.

Лукаку е еден од најдобрите белгиски фудбалери на сите времиња и е најдобар стрелец на репрезентацијата со 86 голови, постигнати во 121 натпревар. Белгија минатото лето беше елиминирана во осминафиналето од Европското првенство, а Лукаку не беше задоволен од атмосферата во тимот. Последниве години, белгиската репрезентација е во центарот на вниманието поради контроверзии, меѓу кои и одлуката на капитенот Кевин Де Брујне да ја напушти теренот без позддрав до навивачите кои им свиркаа поради лошите игри, по нерешениот резултат со Украина.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


По заминувањето на поранешниот селектор Доменика Тедеско, голманот Тибо Куртоа ја промени одлуката за повлекување од репрезентацијата. Неговото враќање кај селекторот Руди Гарсија предизвика контроверзија, бидејќи голманот Кун Кастелс веднаш ја напушти репрезентацијата во протест. Лукаку, кој игра за Наполи, изјави дека разочарувачкиот настап на Европското првенство психички влијаел на него, поради што размислувал да се повлече од националниот тим.

“Размислував за заминување по Европското првенство и поразот од Франција. Бев многу фрустриран и му кажав на Јан Вертонген дека веќе немам чувство за тоа. Препреку бргу се случија многу работи. Но, не можев да ја напуштам мојата земја”, изјави Лукаку за француските медиуми.

“За време на натпреварите, целосно се концентрирам на тимот. Потоа, ми беше тешко да го прифатам Еурото. Атмосферата беше прилично токсична, а резултатите ги немавме. Не реагирам добро на пораз, но тоа секогаш била мојата сила. Можеби треба малку повеќе да се отварам”, додаде некогашниот фудбалер на Челзи, Интер и Манчестер јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Дијаз заминува од Ливерпул

Барселона е решена следното лето да го донесе на „Камп Ноу“ играчот на Ливерпул, Луис Дија…