
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, пред почетокот на новата сезона, реши да ја подигне атмосферата во соблекувалната на Лос Анџелес Лејкерс, така што им подари нови патики на секој од соиграчите.
Клубот Лејкерс објави на официјалниот Инстаграм профил на тимот за овој гест на Дончиќ, а реакциите од навивачите беа исклучително позитивни.
Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите
Играчите, како и фановите, беа воодушевени и го нарекоа Дончиќ вистински лидер на екипата.
Новата сезона на НБА лигата започнува во ноќта меѓу вторник и среда, на 22 октомври, а првото коло го носи натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс.
Да потсетиме, Лејкерс ја завршија минатата сезона во првиот круг на плејофот, каде беа елиминирани од Минесота со резултат од 4:1 во серија.