Дома Фудбал Луис Рубиалес прогласен за виновен за бакнежот кон Хермосо: Еве каква казна доби

Луис Рубиалес прогласен за виновен за бакнежот кон Хермосо: Еве каква казна доби

Луис Рубиалес, поранешен претседател на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, е осуден на 18 месеци парична казна за сексуален напад, откако без согласност ја бакна фудбалерката Џенифер Хермосо за време на церемонијата за доделување медали на Светското првенство во Сиднеј во август 2023 година.

Покрај паричната казна во висина од 20 евра дневно за наредните 18 месеци, на Рубиалес му е забрането да ѝ се приближува на Хермосо помалку од 200 метри и да комуницира со неа во текот на една година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Судот, сепак, го ослободи Рубиалес и тројцата обвинети, поранешниот селектор на женската репрезентација Хорхе Вилде, поранешниот директор на машката репрезентација Алберто Лукей и поранешниот маркетинг директор Рубен Ривера од обвиненијата за принуда.

Обвинителството првично бараше казна од две и пол години затвор за Рубиалес поради сексуален напад и принуда. Оваа пресуда може да биде оспорена пред Кривичниот совет на Националниот суд.

Претходно ФИФА го суспендираше Рубиалес на три години. Светската фудбалска куќа утврди дека Рубиалес направил дисциплински прекршок кога во славјето по титулата светски првак ја бакна фудбалерката Џенифер Хермосо во уста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати сите двојки за осминафиналето на Африканскиот куп на нации

Со завршувањето на натпреварите во групната фаза на Африканскиот куп на нации, сите двојки…