Дома Останати Кошарка Лудост на Амеериканците: Мундијалот во Лос Анџелес ќе го промовира – Дончиќ!

Лудост на Амеериканците: Мундијалот во Лос Анџелес ќе го промовира – Дончиќ!

Словенечкиот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, беше именуван за официјален амбасадор на ФИФА за регионот на Лос Анџелес, пред претстојното Светско првенство во фудбал чиј домаќин, покрај САД, ќе бидат и Канада и Мексико.

„Многу сум горд. Светското првенство во фудбал е најголемиот спортски настан на планетава и навистина сум возбуден. Одсекогаш сум следел фудбал, и сега го следам. Тоа е значаен дел од мојот живот“, нагласи Дончиќ.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Дончиќ ќе ја преземе задачата во Лос Анџелес, еден од градовите кои ќе бидат домаќини на првенството:

„Лос Анџелес е извонреден град со богата култура. Фудбалот во Америка станува сè попопуларен, особено овде во Лос Анџелес, и мислам дека токму затоа е идеално што овој град ќе биде еден од домаќините.

Спортот знае да извлече најдоброто од луѓето, особено за време на Светското првенство. Луѓето се собираат за заедно да ги гледаат натпреварите, да ги следат најдобрите играчи на светот како играат за своите земји. Исклучително сум возбуден што ќе бидам амбасадор на целото ова случување“, додаде Словенецот.

Словенија на Дончиќ има останато уште два натпревара до крајот на квалификациите и ситуацијата е таква што можеби нема да може да навива за својата репрезентација на Светското првенство. Во Група Б, водечка е Швајцарија со десет бода, втора е селекцијата на Фудбалскиот сојуз на Косово со седум, додека Словенија има само три, пред Шведска која има освоено само еден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Навивачи нападнаа автобус во Италија – возач почина откако го погодиле со цигла (Видео)

Еден од возачите на автобусот кој превезувал навивачи на кошаркарскиот тим Пистоја загина …