Дома Фудбал Лудо славје во соблекувалната на Милан по трофејот (ВИДЕО)

Лудо славје во соблекувалната на Милан по трофејот (ВИДЕО)

Големо славје на Росонерите по големиот пресврт во финалето на италијанскиот Суперкуп против градскиот ривал Интер.

Дербито во Ријад заврши со победа на фудбалерите на Милан од 3:2 по водството на Нероаѕурите од 2:0.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Интер водеше со головите на Лаутаро Мартинез во 45+1. и Мехди Тареми во 47. минута. Милан направи целосен пресврт со головите на Тео Ернандез во 52., Кристијан Пулишиќ во 80. и Тами Абрахам во 90+3. минута.

Ова беше само втор меч на клупата на Милан за Португалецот Консеисао, некогашен играч на Нероаѕурите, кој очигледно ја подобри играта на Росонерите. Прво направија пресврт на резултатот против Јувентус во полуфиналето, а потоа и во финалето против Интер.

По натпреварот во Ријад и по доделувањето на пехарот имаше „луда забава“ во соблекувалната на Милан. Особено расположен беше Консеисао кој играше со пура во уста и ги забавуваше фудбалерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл во Мадрид отворен со неверојатно промашување

Баерн подобро го отвори дуелот, започна да го притиска Реал, изведе три корнери и имаше не…