
Името Даниел Киракосијан можеби сега не ви значи многу, но во иднина би можеле да го гледате на првите страници на спортските медиуми низ светот.
Станува збор за 20-годишен Ерменец кој моментално е во центарот на вниманието во кошаркарските кругови, благодарение на неговата фантастична игра во само третата натпреварувачка сезона во елитната лига на Ерменија.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Киракосијан, во својот трет настап за БКМА, постави нов рекорд во ерменското кошаркарско првенство.
Во победата против тимот на УС Титанс со резултат од 160:102, Киракосијан постигна трипл-дабл со вкупно 84 поени, 14 скока и 10 асистенции.
Минатото лето, Киракосијан го имаше своето деби за сениорската репрезентација на Ерменија во претквалификациите за Светското првенство 2027 година. Својата кариера ја започна во московскиот клуб Тринти, потоа се пресели во САД.
Иако успеа да дојде до НЦАА, не дебитираше поради проблеми со документите за образование, па се врати во Русија. По четири натпревари, реши да се пресели во БКМА, каде веднаш покажа колку е талентиран.
На својот деби за ереванскиот клуб против Арктик, постигна 41 поен, имаше 8 скока и 4 асистенции. Потоа, во дуелот со Еребуни, забележа 34 поени, 11 скока и 7 асистенции.
Во последното коло против Титанс, тој блесна и имаше 29/44 погодоци за два поени, 7/12 за три и 5/6 од слободни фрлања. Интересно е тоа што загуби само две топки на целиот натпревар.
Овој 190-сантиметарски плејмејкер моментално има просек од 53 поени, 11 скока и 7 асистенции. Ако продолжи со вакви настапи, без сомнение, ќе привлече големи европски клубови.