Лука Дончиќ, по доаѓањето во Лос Анџелес Лејкерс, предизвика вистинска еуфорија меѓу приврзаниците на познатиот клуб.
Словенецот го доби дресот со број 77, а откако беше претставен во новиот тим, започна општа возбуда за неговиот дрес, па така може да се видат огромни редици во продавниците.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Да потсетиме, Дончиќ беше разменет од Далас во Лејкерс, а во спротивниот правец замина Ентони Дејвис.
Треба да се истакне дека дресот на Дончиќ веќе беше меѓу најпродаваните во НБА лигата, така што нема сомнение дека сега ќе достигне уште повисоко ниво.
Словенечкиот кошаркар треба за новиот тим да дебитира во понеделник против Јута Џез.
.Масивни редици за дресови на Лука Дончиќ од Лејкерс. #LakeShow
— Luka Updates (@LukaUpdates) 7 февруари 2025
Извор: IG/ekipa_sn pic.twitter.com/7YR6f0CFjd