Дома Фудбал Лудница каква што не се гледа често: Погледнете како реагираа навивачите на ПСВ кога Ајакс прими гол во 99. минута

Лудница каква што не се гледа често: Погледнете како реагираа навивачите на ПСВ кога Ајакс прими гол во 99. минута

Фудбалерите на ПСВ синоќа во предпоследното коло на холандската Ередивизие на домашен терен го победија Хераклес со резултат од 4:1, додека Ајакс истовремено играше кај Гронинген и во 99. минута прими гол за 2:2.

Камерите во Ајндховен го снимија моментот кога навивачите и фудбалерите на ПСВ дознаа дека коло пред крајот на сезоната го превзедоа врвот на табелата и стигнаа чекор поблиску до титулата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, Ајакс влезе во низa на лоши резултати кон крајот на сезоната и загуби предност од дури девет поени, колку што имаше во 29. коло.

Деведесет минути пред крајот на првенството падна на табелата зад досегашниот второпласиран ПСВ бидејќи Ајакс во последните четири лигашки натпревари двапати ремизираше и двапати загуби.

Ајакс во последното 34. коло игра на домашен терен против Твенте, додека ПСВ заминува во Ротердам кај Спарта.

ПСВ сега има сè во свои раце па еуфоријата на трибините која настана по голот што го уназади Ајакс не е изненадување.

Навивачите на ПСВ го дочекаа крајот на натпреварите гледајќи во своите мобилни, а сè заврши со славје и радосни солзи.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пикси заминува од кормилото, а човекот кој доаѓа нема да ги воодушеви Србите

Драган Стојковиќ Пикси би можел да ја напушти позицијата на селектор на Србија. Наводно, н…