Дома Фудбал Луди бројки: Модриќ на 40 години одиграл најмногу натпревари во кариерата!

Луди бројки: Модриќ на 40 години одиграл најмногу натпревари во кариерата!

Реал Мадрид ќе ја заврши сезоната без освоен трофеј и сите аларми се активирани.

Еден од најголемите проблеми дефинитивно беа и повредите, поради кои Лука Модриќ беше приморан да игра повеќе од очекуваното и затоа го сруши рекордот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тој оваа сезона одигра дури 55 натпревари, што е повеќе од кога пристигна во Мадрид. Во својата прва сезона 2012/13 одигра 53 натпревари, што му беше досегашен рекорд.

Дефинитивно е дека Карло Анчелоти не планирал толку многу да го користи Модриќ оваа сезона, а сигурно придонесе и прераното пензионирање на Тони Крос.

Модриќ има договор до 30 јуни, а сѐ уште не е познато дали Чаби Алонсо ќе реши да го задржи за уште една сезона.

Ако тоа се случи, дефинитивно ќе игра значително помалку и главно од клупата.

Фото: Real Madrid C.F/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…