Дома Останати Ракомет Луд натпревар: Ракометар на Мулти Есенс постигна 37 гола на еден натпревар!

Луд натпревар: Ракометар на Мулти Есенс постигна 37 гола на еден натпревар!

Ракометарот на Мулти Есенс, Бобан Поповски, испиша ретко видено поглавје во македонскиот ракомет. На вчерашниот натпревар од младинската лига против Вардар Неготино, младиот крилен играч постигна неверојатни 37 погодоци и со тоа постави рекорд кој долго ќе се памети.

Скопскиот состав оствари убедлива победа од дури 86-14, резултат што исто така претставува историски подвиг и најголем број постигнати голови на еден официјален натпревар.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Поповски, кој настапува на крилната позиција, уште еднаш го потврди својот огромен потенцијал. Неговите 37 погодоци се бројка која ретко се гледа дури и на кошаркарските терени, што дополнително ја нагласува тежината на овој подвиг.

Доминацијата на Мулти Есенс беше најавена уште во првото полувреме, кога скопскиот тим замина на пауза со убедлива предност од 42-8. Во вториот дел разликата само продолжи да расте, па на крајот следеше победа која сигурно ќе остане запишана во аналите на македонскиот ракомет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Голот на Манасков за ерупција во Битола против ПСЖ во топ 5 во Лигата на шампионите (Видео)

Тимот на Пелистер ремизираше против ПСЖ во Лигата на шампоните, а херој за македонскиот ша…