Дома Фудбал Ливерпул во сериозен проблем пред дербито со Челси

Ливерпул во сериозен проблем пред дербито со Челси

Ливерпул не само што загуби бодови од Галатасарај во второто коло од Лигата на шампионите, туку се повреди и првиот голман Алисон Бекер.

Бразилскиот чувар на мрежата излезе од игра во 56. минута. Самиот Слот потврди дека повредата е од сериозна природа и дека сигурно нема да игра против Челси.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


– Никогаш не е добро кога играч излегува на ваков начин и бидете сигурни дека нема да игра во сабота против Челси – рече Слот.

Сепак, Ливерпул има соодветна замена. На голот ќе застане грузискиот репрезентативец Георги Мамардашвили, кој беше донесен минатото лето од Валенсија за 30 милиони евра. Тоа што можеби повеќе го загрижува Слот е што Иго Екитике е под прашање.

– Не мислев во првиот момент дека е повреден, но Иго почувствува нешто. Рече дека не може да продолжи, така што моравме да го извадиме. Ќе видиме како ќе биде за викендот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леао му се извинувал на Модриќ пред целиот „Сан Сиро“ – позната е причината зошто!

Рафаел Леао на натпреварот на Милан против Наполи на Сан Сиро направи потег што ги воодуше…