
Напаѓачот на Ајнтрахт Уго Екитике е силна желба на Ливерпул, а двете страни веќе започнаа сериозни преговори за негово пристигнување на „Енфилд“.
Францускиот фудбалер оваа сезона привлече огромно внимание од големите клубови низ Европа, а се чини дека „црвените“ се сериозно заинтересирани за неговиот потпис. Поранешниот офанзивец на Пари Сен Жермен постигна 22 гола и подели 12 асистенции на 48 натпревари за тимот од Франкфурт, што го става меѓу 10-те најистакнати играчи во Бундеслигата во двете категории.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Тоа му даде на клубот од градот на Мајна право да му постави цена од 100.000.000 евра, но дури ни тоа можеби нема да биде пречка за англискиот шампион. Црвените веруваат дека има простор за преговори за намалување на астрономскиот износ, а желбата на играчот да се пресели на Мерсисајд е многу очигледна.
Германскиот Sky Sport објави дека разговорите помеѓу Ливерпул и Екитике се веќе во завршна фаза, па се очекува тој да го комплетира триото засилувања од Германија. Пред него, во тимот на Ливерпуил треба да пристигнат Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг, двајцата од Баер Леверкузен.
Младиот играч од Ремс ја помина сезоната 2023/2024 во родниот град на Волфганг Гете како позајмен играч на ПСЖ, за да го откупи Ајнтрахт летово за само 16.500.000 евра./p>
Фудбалерот со камерунско потекло е познат по својот долг чекор и брзина, што во комбинација со одличен дриблинг и чувство за пас го прават комплетен модерен напаѓач.
Фото: Eintracht Frankfurt/X