Дома Фудбал Ливерпул пријави рекордни приходи

Ливерпул пријави рекордни приходи

Ливерпул пријави рекордни приходи од 703 милиони фунти за шампионската сезона во Премиер лигата, што заврши во мај 2025 година, објавува агенцијата „Ројтерс“.

Мерсисајдците ја освоија својата 20-та титула со целосна доминација во првенството и тоа се одрази во финансискиот отчет. Ливерпул, кој е со најголеми приходи меѓу англиските клубови според рангирањето на Deloitte, е во профит од 8 милиони фунти по оданочувањето.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Според информациите од клубот, приходите од телевизиските права се зголемиле за 60 милиони фунти и достигнале до 264 милиони. Финансиските приходи од деновите со натпревари забележале раст од 14 милиони фунти, а во маркетинг секторот скокот е за 15 милиони во споредба со претходната сезона. Административните трошоци на мерсисајдците исто така се зголемиле за 57 милиони фунти.

Рекордниот профит му овозможи на Ливерпул да биде активен на трансфер пазарот, каде што потрошија речиси половина милијарда евра за фудбалери како Александер Исак, Флоријан Вирц, Хуго Екитике и други. Сепак, „Црвените“ не прават добра сезона и во моментов се надвор од местата за Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го доведе првото засилување за следната сезона

Џузепе Марота не чека, туку е тука првиот играч кој пристигнува во Интер! Клубот од Милано…