Дома Фудбал Ливерпул планира трансфер на ѕвездата на Баерн вредна 65 милиони евра?

Ливерпул планира трансфер на ѕвездата на Баерн вредна 65 милиони евра?

Иако последниве денови во Ливерпул доминира веста за ситуацијата на Мохамед Салах, кој се пожали дека се чувствува како клубот да го “фрлил под автобус”, раководството од Енфилд веќе планира за летото во 2026 година. Според германскиот TZ, на „Црвените“ им е понуден играчот на Баерн, стоперот Упамекано.

Францускиот дефанзивец има договор со Баерн кој истекува на крајот на сезоната, што значи дека, според правилото на Босман, од 1 јануари може да преговара со други клубови за трансфер без отштета. Покрај Ливерпул, шансата за доведување на еден од најдобрите дефанзивци на Бундеслигата како слободен играч, го привлече и вниманието на гигантите како Реал Мадрид и ПСЖ.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Иако известувањата сугерираат дека Упамекано е среќен во Минхен, преговорите за нова спогодба се заглавени околу две основни прашања. Првата пречка е барањето од неговиот агент за вклучување на откупна клаузула од 65 милиони евра. Баерн принципиелно се противи на вакви клаузули, иако неодамна направија отстапка во преговори со Хари Кејн и Џамал Мусиала.

Втората компликација е платата. Упамекано бара годишна плата од 18 милиони евра, што изнесува околу 346 илјади евра неделно, а баварскиот гигант не е подготвен да понуди таква сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид прв клуб кој продал над 3 милиони дресови за 12 месеци

Како што се ближи крајот на годината, фудбалските клубови ширум светот оценуваат не само с…