
Ливерпул почнал да работи на трансферот на ѕвездата на Лион, Рајан Черки, пренесува еминентниот „Екип“.
Черки е офанзивен играч кој ги покрива и крилните позиции, а може да игра и како плејмејкер. Израснат е во школата на Лион и моментално се смета за најперспективниот француски талент.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Поради финансиските проблеми на Лион, се очекува Черки сигурно да биде продаден на лето, а Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата.
Сепак, за потписот на 21-годишниот играч се борат и други клубови, како ПСЖ, Милан и Јувентус, кои исто така покажуваат интерес.
„Црвените“ веќе работат на трансферот и се во пол-позиција за да го осигураат неговиот потпис.
Фото: Лион