Дома Фудбал Ливерпул може да здивне: Познато колку време ќе паузира Трент

Ливерпул може да здивне: Познато колку време ќе паузира Трент

Фудбалерите на Ливерпул изминатата сабота го победија Борнемут на многу тешкото гостување на „Виталити“ со резултат 0:2, но останаа без Трент Александер-Арнолд кој се повреди.

Станува збор за мускул на бутот поради што тој предвреме мораше да го напушти теренот и тоа веднаш предизвика загриженост во таборот на Арне Слот. Посебно затоа што првичните процени беа дека ќе паузира неколку недели.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Меѓутоа, денешниот скенер покажа дека повредата не е од потежок карактер и дека тој веќе следната недела ќе може да помогне на својата екипа против Евертон во одложеното Мерсисајд дерби.

Ќе го пропушти утрешниот натпревар против Тотенхем во реваншот на Карабао купот, а нема да го има ни за викендот против Плимут во ФА купот.

Како што е познато, Трент остана во клубот и покрај понудата на Реал Мадрид да се пресели на „Бернабеу“ уште оваа зима. Сепак, извесно е дека тоа ќе го направи на лето кога му истекува договорот со Ливерпул, освен ако не дојде до договор за нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина познат фудбалер, била пронајдена дрога покрај него!

Шокантни вести доаѓаат од Австралија. Адам Хантер, ѕвезда на австралискиот фудбал, многу п…