Дома Фудбал Ливерпул ќе го повлече бројот 20 во чест на Жота

Ливерпул ќе го повлече бројот 20 во чест на Жота

Ливерпул информира дека дресот со број 20 во клубот ќе биде повлечен од употреба по трагичната смрт на Диого Жота, кој го носеше токму овој дрес за време на престојот кај „црвените“.

„Бројот 20 ќе биде вечно запамтен со заслужено признание за неговиот придонес кон титулата на Ливерпул во сезоната 2024/25 – 20-та за клубот. Со неговиот значаен удар пред ‘Коп’, за да ја запечати победата во дербито на Мерсисайд во април – последниот емоционален гол во неговиот живот“, напишаа од клубот во соопштението на социјалните мрежи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во исто време, во објавата прес-службата на Мерсисада ги потсети и дел од зборовите на фудбалерот. Тој беше горд носител на дресот со број 20 токму во сезоната кога Ливерпул ја освои својата 20-та шампионска титула на Англија и втора во ерата на Премиер лига.

„Да стигнам до оваа специфична сезона со титулата, која ја следев долги години, и во најдобрата лига во светот, и во тимот за кој сонував да играм како дете. Тоа е момент што ќе го ценам засекогаш“, беа зборовите на веќе покојниот играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси имаше најчуден прием во животот: Не можеше да верува што зборува Трамп (Видео)

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп ги прими фудбалерите на Интер…