Дома Фудбал Ливерпул изгледа ги погоди засилувањата: Вирц го постигна и првенецот, но во Јапонија блесна и 16-годишен тинејџер! (Видео)

Ливерпул изгледа ги погоди засилувањата: Вирц го постигна и првенецот, но во Јапонија блесна и 16-годишен тинејџер! (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул ја победија Јокохама Ф-Маринозе во третата пријателска средба пред стартот на новата сезона, со убедлива победа од 3:1 на гостувањето.

Јокохама прво ја искористи можноста за водство кога во 55. минута Асахи Уенака го совлада Џорџи Мамардашвили, но радоста на јапонските навивачи на стадионот Нисан траеше само седум минути.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Во акција во која учествуваа Мохамед Салах и Кертис Џонс, топката заврши кај Германецот кој мајсторски израмни на 1:1 и го постигна својот прв гол во дресот на Ливерпул.

Во 67. минута уште едно засилување на Црвените ги демонстрираше своите способности. Џереми Фримпонг одлично ја испрати топката од десната страна запишувајќи ја својата прва асистенција, а 18-годишниот Треј Нијони не се двоумеше да го погоди противничкиот гол за 2:1.

Крајните 3:1 ги зачини 16-годишниот Рио Нгумоха, кој по приемот на топка на центарот изведе прекрасен соло-продор и заокружи со гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија со голема негатива на полувреме (видео)

Македонскиот претставник во Конференциската лига, екипата на Шкендија му гостува на Рајо В…