Дома Фудбал Англија Ливерпул и Слот во сериозен проблем: Еден од најважните во тимот ќе пропушти десет натпревари!

Ливерпул и Слот во сериозен проблем: Еден од најважните во тимот ќе пропушти десет натпревари!

Екипата на Ливерпул игра одлично од почетокот на сезоната. Тимот е првопласиран во Премиер лигата со осум бода предност пред Манчестер сити и Брајтон кој има натпревар повеќе, додека во Лигата на шампионите тие се единствената екипа со максимални пет победи.

Но, сега по дербито со Реал Мадрид Слот се соочи со проблем. Имено, во тој дуел се повреди дефанзивецот, Ибрахим Конате, а тестовите покажале дека ќе мора да паузира најмалку пет-шест недели.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Тоа значи дека ќе ги пропушти следните десет натпревари на Ливерпул кој овој тим ќе ги одигра во наредниот месец ипол.

Ливерпул утре игра против Манчестер сити, а потоа до 5 јануари кога го чека ново дерби со Манчестер јунајтед ќе игра со:Њукасл, Евертон, Жирона (ЛШ), Фулам, Саутемптон (Лига куп), Тотнем, Лестер и Вест Хем.

Во овие натпревари на местото на Конате се очекува да играат Џо Гомез и Џарел Кванс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ВИДЕО Реал во луд натпревар по продолженија обезбеди финале на Кралскиот куп

Фудбалерите на Реал Мадрид обезбедија место во финалето на Кралскиот куп. Актуелните европ…