Дома Фудбал Ливерпул добил неочекуван одговор за Исак, сега има друга желба – ќе му се одмазди на Њукасл!

Ливерпул добил неочекуван одговор за Исак, сега има друга желба – ќе му се одмазди на Њукасл!

Откако Њукасл го информираше Ливерпул дека напаѓачот Александер Исак не е достапен за продажба, „Црвените“ станаа ривали на „Свраките“ во трката за асот на Ајнтрахт Франкфурт, Уго Екитике.

Ајнтрахт веќе одби понуда од 70 милиони фунти од Њукасл за Екитике.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Германскиот клуб смета дека други клубови се подготвени да понудат повеќе, бидејќи нивната цена за Екитике е проценета на 85 милиони фунти.

Њукасл во понеделникот преговараше со претставниците на Екитике во Австрија, со надеж дека конечно ќе го потпишат напаѓачот кој го следат неколку години.

Клубот од северот на Англија се обиде да го доведе играчот уште во 2022 година, но тогаш Екитике избра да се приклучи на Пари Сен Жермен. Минатото лето Ајнтрахт за неговиот трансфер од Париз плати само 14 милиони фунти.

Во претходната сезона, Екитике постигна 22 гола во 48 натпревари за Франкфурт, помагајќи им да се квалификуваат за Лигата на шампионите.

Постоеше сомневање дека тимот предводен од Еди Хау ќе го ангажира Французинот како замена ако Исак замине, но според Скај Спортс, тој нема да биде достапен во овој трансфер период.

Премиерлигашот подолго време е заинтересиран за Исак, но Њукасл одлучно го чува и го оценува на најмалку 150 милиони фунти.

Исак е сè уште најскапото засилување во историјата на Њукасл, бидејќи дојде од Реал Сосиедад во август 2022 за 63 милиони фунти.

Затоа Ливерпул го насочува вниманието кон Екитике. Ливерпул им е потребен нов напаѓач, откако Дарвин Нуњез не го оправда очекувањата по пристигнувањето од Бенфика и трагичната загуба на Диого Жота во сообраќајна несреќа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драконска казна за местење: Балкански тим исфрлен од Европа на 10 години

Шокантна вест пристигнува од Црна Гора, каде Арсенал од Тиват е исфрлен од Европа на 10 го…