Дома Фудбал Репрезентации Лихтенштајн беше лесен залак: Македонија со „петарда“ го декласира ривалот во Скопје (Видео)

Лихтенштајн беше лесен залак: Македонија со „петарда“ го декласира ривалот во Скопје (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација со убедлива и рутинска игра го совлада Лихтенштајн со 5-0 на домашен терен, освојувајќи значајни бодови во квалификациите за Светското првенство.

Натпреварот започна со целосна иницијатива на „црвено-жолтите“, кои уште од стартот ја притискаа одбраната на противникот, а во 15. минута Елиф Елмас постигна гол за предност.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Вториот дел започна во ист ритам. По само седум минути игра, Адем Барди ја удвои предноста со прецизен удар по една брза акција. Четири минути подоцна Чурлинов ја искористи дезорганизацијата на одбраната на Лихтенштајн и погоди за 3-0, со што практично го реши победникот.

Во завршницата на мечот, Ќамили и младиот Лука Станковски погодија уште двапати, за конечни 5-0 и вистинска фудбалска вечер за македонските навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пет против еден: Босански фудбалер синоќа покажа дека не се плаши од никого (Видео)

Фудбалерите на Бенфика синоќа победија на гостувањето кај Ароука (1:2) во рамките на 26. к…