Дома Останати Кошарка Лејкерси во шок, Дончиќ и Леброн немоќни. Погледнете како го загубија натпреварот

Лејкерси во шок, Дончиќ и Леброн немоќни. Погледнете како го загубија натпреварот

КОШАРКАРИТЕ на Чикаго Булс ги победија Лос Анџелес Лејкерсите со 119:117 со чудесен пресврт во завршницата на натпреварот и тројка на Џош Гиди од повеќе од половина терен.

НБА лигата разврската на натпреварот ја опиша како “веројатно најлудата оваа сезона”. Гиди играше одличен натпревар против Лејкерси и го заврши со трипл-дабл учинок. Постигна 25 поени, имаше 14 скока и 11 асистенции, а најспектакуларното го остави за самиот крај.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Неполни 13 секунди пред крајот Лејкерсите имаа предност од пет поени (115:110). Во преостанатото време Булси постигнаа девет поени, откако во обидите за три поени прецизни беа Патрик Вилијамс и Коби Вајт, а потоа и Гиди од својата половина со звук на сирената.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вакво забивање не се гледа често: Гордон со поен го засени потегот на Јокиќ (Видео)

Арон Гордон ќе остане запаметен како еден од момците на кои закуцувањето им беше омилен де…