Дома Фудбал Леверкузен не се шегува: Сака засилување од Реал Мадрид

Леверкузен не се шегува: Сака засилување од Реал Мадрид

Се ближи трансфер периодот, што значи дека трансферите на фудбалерите, пред сè на оние кои не добија многу минутажа на теренот, наскоро ќе започнат. 

Еден од нив е Арда Гулер, кој има прилично ограничена минутажа во Реал Мадрид. Младиот турски фудбалер е една од желбите на Бајер Леверкузен. 

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Како што пренесува германскиот новинар Флоријан Плетенберг, Гулер би можел да ја продолжи кариерата меѓу „фармацевтите“. 

Се наведува дека трансферот би можел да се реализира на лето, бидејќи Реал не сака да се откаже од фудбалерот во текот на зимскиот трансфер период. 

Гулер оваа сезона одигра 17 натпревари за Реал во сите натпреварувања, постигна еден гол и една асистенција.

Тој има договор со Реал до 30 јуни 2029 година. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неубедлив Ливерпул повторно поразен од Галатасарај

Ливерпул повторно загуби со 1:0 од Галатасарај во Истанбул. Oткако тоа се случи во септемв…