Дома Фудбал Левандовски заминува, потврди неговата сопруга?!

Левандовски заминува, потврди неговата сопруга?!

Изгледа дека Роберт Левандовски ќе ја напушти Каталонија на крајот од оваа сезона.

Многу извори пишуваат за оваа можност веќе неколку недели, а на темата сега проговори и неговата сопруга Ана.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во јавност таа истакна дека сакаат да го искористат времето до максимум во претстојните месеци, бидејќи ова е веројатно последната сезона за Роберт Левандовски на “Камп ноу”.

“Ќе видиме како ќе помине сезоната во Барселона, најверојатно ова е последната за мојот сопруг. Затоа треба да го извлечеме искуството како лимон, да уживаме во секоја минута, во секој натпревар, во секоја средба со навивачите, затоа што еден ден ќе ни недостигаат сите овие моменти. Знам колку му значи сето ова секоја година, а знам и дека кариерата уште не му е завршена, иако крајот не е далеку. Се појавуваат дилеми, емоции, прашања – што следува, но тоа е патот на еден спортист, особено на такво ниво”, изјави Ана Левандовска.

Полјакот пристигна во Барселона летото 2022 година од Баерн Минхен за 45 милиони евра, но ги оправда сите средства. Освои две титули во Ла Лига, Кралскиот куп и два Суперкупа на Шпанија. Постигна 113 голови и оствари 23 асистенции во 172 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриени детали за „понудата“ на Бензема, не е ни чудо што не сака да игра

Карим Бензема одби да патува со остатокот од тимот Ал-Итихад на првенствената утакмица про…