Дома Фудбал Левандовски за првпат јавно зборуваше за она што го интересира целиот фудбалски свет: За три месеци…

Левандовски за првпат јавно зборуваше за она што го интересира целиот фудбалски свет: За три месеци…

Пред извесно време, шпанските медиуми објавија информација дека Роберт Левандовски ќе ја заврши својата кариера на крајот од оваа сезона, бидејќи не е сигурно дека ќе добие нов договор со Барселона. Полјакот реши да ги заврши шпекулациите и да открие каква е реалната состојба.

Во летото 2022 година, Барселона инвестираше над 40 милиони евра за пристигнувањето на Левандовски од Баерн, што се покажа како одлична одлука за каталонците.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во текот на изминатите три сезони, Левандовски го оправда вложениот износ и се истакна како значајно засилување, и отворено изјави колку ужива со семејството во Барселона.

Левандовски и неговото семејство се приспособија на животот во Барселона и тука планираат да останат, дури и кога ќе заврши неговата кариера. Но, малкумина очекуваа дека таа ќе заврши толку брзо.

Се повеќе се зборува дека Лева ќе се повлече на крајот од оваа сезона, бидејќи Барселона нема да му понуди нов договор, а него не го интересира преминувањето во друг клуб.

Неговата одлука е да остане со семејството во Барселона, без оглед на тоа дали ќе добие нов договор или не. Понудите од Саудиска Арабија и САД не ги разгледува како опции за неговата иднина.

Сепак, изгледа дека Лева сè уште не донел конечна одлука. Надежта дека ќе добие договор од Барселона за уште една сезона сè уште постои кај него, а тој е спремен дури и да биде дел од резервната клупа и да биде алтернатива во нападот.

Полскиот фудбалер изјави дека ќе си даде период од три месеци за да ја донесе одлуката и дека таа ќе биде само негово лично решение, без притисок од другите.

“Ќе си дадам околу три месеци за да донесам одлука за својата иднина. Барселона има сè што ни е потребно на мене и на моето семејство и ние се чувствуваме многу пријатно овде”, изјави Левандовски и додаде.

“Одлуката ќе биде моја лична и не сум под притисок. Луѓето зборуваат дека сум се остарил и дека повеќе не трчам, но моите статистички податоци кажуваат поинаку. Понекогаш, тоа што се зборува не е базирано на логика.”

Шпанските медиуми наведуваат дека Левандовски јасно дал до знаење дека чека повик од Барселона и понуда за нов договор, и дека ќе се надева на тоа до последната секунда.

Исто така, од неговите зборови може да се заклучи дека пензионирањето е најреалната опција доколку не пристигне понуда од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…