Дома Фудбал Левандовски: Тренерот ми ја изневери довербата

Левандовски: Тренерот ми ја изневери довербата

Роберт Левандовски изјави дека неговата доверба била изневерена и е многу повреден од начинот на кој тренерот на Полска Михајл Пробиеж му соопштил дека е заменет како капитен на тимот.

Рекордерот по голови за својата земја веднаш објави на социјалните мрежи дека нема да игра за националната репрезентација под водство на Пробеж, кој ја донесе одлуката капитенската лента да му ја даде на халфот Пјотр Зелински.

Левандовски изјави за новинарскиот веб-сајт wp.pl дека добил краток повик од Пробеж, додека ги приспивал своите деца, и дека бргу на веб-сајтот на Полската фудбалска федерација се појавило соопштение за смената на капитенот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


“Носам лента 11 години, а во националниот тим играм 17 години. Ми се чинеше дека ваквите прашања треба да се решаваат на поинаков начин… не’ очекува важен натпревар, сето тоа беше соопштено по телефон. Навистина не треба така да се случи. Тренерот ми ја изневери довербата”, изјави Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне останува во Атлетико Мадрид до 2030 година?

Џулијано Симеоне го продолжува договорот со Атлетико Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми…