Дома Фудбал Левандовски подготвен да ја намали платата, но Барса не брза со новиот договор

Левандовски подготвен да ја намали платата, но Барса не брза со новиот договор

Тековниот договор помеѓу Роберт Левандовски и Барселона истекува на крајот од оваа сезона, а иднината на Полјакот останува неизвесна. Неговата желба е да продолжи на „Камп Ноу“, дури и е спремен на значителна финансиска жртва, но раководството на каталонскиот клуб разгледува и други фактори, пред да понуди нов договор.

Во последните недели се појавија многу шпекулации околу идната дестинација на Роберт Левандовски од сезоната 2026/2027. Многу клубови од Саудиска Арабија, како и големи имиња од европскиот фудбал како Милан или Манчестер Јунајтед, покажуваат интерес да го привлечат Полјакот како слободен играч.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Понатаму, според новинарот Доминик Пиехота, сонародник и близок до напаѓачот на Барселона, Левандовски е подготвен дури и на драстично намалување на својата плата, за да остане на „Камп Ноу“ и следната сезона. Сепак, желбата на напаѓачот е да продолжи во Барселона, клуб за кој што игра од 2022 година и со кој досега има освоено пет трофеи (две шампионски титули, една купа и две суперкупни на Шпанија).

„Можно е ова да му биде последната сезона за Роберт во Барселона. Веќе има многу силни клубови кои се заинтересирани за него. Како од Европа, така и од Саудиска Арабија, но неговата желба е да остане во Барселона, дури и со огромно намалување на платата, тоа не му претставува проблем. Тој сака да продолжи да игра там и да се бори за стартно место. Тој и неговото семејство се чувствуваат многу удобно во Шпанија“, откри Доминик Пиехота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Завршена е големата трансфер приказна во светот на фудбалот, Кралевите тријат раце: „Одлучено е“

Шпанските медиуми пренесуваат вести дека Реал го заврши трансферот на стоперот на Ливерпул…