Дома Фудбал Левандовски е минато: Фудбалер од Косово ќе го предводи нападот на Барселона!?

Левандовски е минато: Фудбалер од Косово ќе го предводи нападот на Барселона!?

Фудбалската јавност во Косово е во екстаза откако се појави информација дека еден од репрезентативците на оваа селекција следното лето би можел да потпише за Барселона. Не е тајна дека Барселона следното лето сака да направи одредени промени во играчкиот состав, а тоа првенствено се однесува на позицијата напаѓач.

Ханси Флик во моментов располага со Роберт Левандовски, но веќе некое време кружат приказни дека Полјакот по оваа сезона нема да остане во Барселона бидејќи клубот нема намера да го продолжи неговиот договор.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Левандовски од доаѓањето од Бајерн стана еден од најважните играчи на Барселона, но на почетокот од оваа сезона не блеска многу, поради што челниците на клубот сметаат дека е време да доведат нов напаѓач.

Се разбира, целта е тоа да биде значително помлад фудбалер на кој можат да сметаат долги години, и е јавна тајна дека прва желба е Џулијан Алварез од Атлетико Мадрид.

Сепак, на Камп Ноу се свесни дека напаѓачот на Атлетико тешко ќе го доведат без да платат најмалку 100 милиони евра за него и сега бараат некои поевтини опции.

Тоа што изненади многумина е дека на листата на играчи што Барселона ги следи се наоѓа и репрезентативецот на Косово, Фисник Аслани, што синоќа го потврди и угледниот германски новинар Флоријан Плетенберг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаскојн за алкохолизмот: Никогаш нема да престанам да пијам

Пол Гаскојн, англиска фудбалска легенда, отворено призна дека цел живот се бори со зависно…