Дома Моторспорт Леклер по квалификациите: Ферари нема потенцијал, ова е нашето реално ниво

Леклер по квалификациите: Ферари нема потенцијал, ова е нашето реално ниво

Луис Хамилтон триумфираше на спринт трката во Кина, меѓутоа квалификациите ја покажаа вистинската слика за Ферари. Чарлс Леклер признава дека нивниот болид моментално едноставно нема поголем потенцијал.

Ферари не успеа да ја повтори изненадувачката форма од спринт трката, па Луис Хамилтон и Чарлс Леклер ги завршија квалификациите за Големата награда на Кина на петтото и шестото место.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Хамилтон во петок сите ги изненади со освојувањето на пол позицијата во спринтот, а потоа ја претвори таа предност во победа, неговата прва за Ферари.

Тоа дојде како големо изненадување, од овој аспект што на отварањето на сезоната во Австралија имаше тешкотии.

Леклер смета дека оваа позиција е реален показател на моменталната сила на Ферари и дека победата на Хамилтон во спринтот беше исклучок.

„Денеска, попладнево, мислам дека едноставно немавме потенцијал“, рече Леклер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Се друго остана во сенка: Тежок пад на Маркез во Холандија

Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше најбрз на првиот слободен тренинг пред Големата награ…