Дома Останати Кошарка Лејкерс повторно имаат „голема тројка“ (Видео)

Лејкерс повторно имаат „голема тројка“ (Видео)

Лос Анџелес Лејкерс во трилер завршница ја победија Минесота Тимберволвс со кош во последната секунда што го постигна Остин Ривс, новиот „голем“ играч на оваа екипа.

Вистина е дека и претходните сезони Ривс знаеше да заблеска и да преземе лидерска улога во отсуство на најголемите, меѓутоа неговата кошаркарска зрелост доби полн облик на почетокот на оваа сезона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Почетокот на актуелната сезона за тимот од Калифорнија не беше идеален. Леброн Џејмс не беше подготвен, брзо се повреди и Лука Дончиќ, па улогата на лидер падна на играч кој обично од сенка ја чекаше својата шанса. Овој пат ја дочека и заблеска.

Ривс од почетокот на сезоната има монструозни бројки и се наметна како третиот „голем“ играч на тимот покрај „Кралот“ и Дончиќ. Со право. Бележи 35,8 поени во просек во првите пет натпревари со шут над 50%.

Бекот од Арканзас потпиша во 2023 година четиригодишен договор вреден „само“ 53 милиони долари. Ако продолжи вака, Лејкерс до крајот на оваа сезона ќе мора да спремат нов, засилен договор, бидејќи Ривс има опција да излезе од договорот, а понудите сигурно ќе бидат и подобри од оваа која изнесува 14 милиони долари по сезона.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатна грешка во НБА: Ова дури и во ракомет се чекори! (Видео)

Грчкиот кошаркар Јанис Антетокумпо синоќа одржа уште едно впечатливо шоу во НБА лигата, а …