
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс триумфираа над екипата на Хјустон Рокетс во Тојота Центарот со резултат 100:92, со што потврдија одличната форма со шестата победа по ред во НБА лигата.
На почетокот изгледаше дека нема да биде лесно за Лејкерс. Натпреварот започна со рамноправна игра и поени на двете страни, но во втората четвртина Хјустон успеа да направи предност, заминувајќи на полувреме со резултат 57:51.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Во второто полувреме, Лејкерс одиграа извонредно. Во третата четвртина го презедоа водството, а потоа со смиреност ја одржуваа предноста до самиот крај, кој помина без драматични моменти.
Најдобар на теренот и во овој натпревар беше словенечката ѕвезда Лука Дончиќ со вкупно 36 поени, покажувајќи дека моментално игра кошарка од највисоко ниво во неговата кариера. Словенецот продолжи со пишување на историјата, достигнувајќи 14.700 поени во кариерата со само 27 години и 16 дена. Тимот на рангирање на најмладите играчи кои успеале да го постигнат ова, го става на третото место, зад недостижните Леброн Џејмс и Кевин Дурант, кои го достигнаа истото на 25 години.
Luka Doncic surpassed 14,700 career points tonight at 27 years and 16 days old. Only two players in NBA history have reached the mark at a younger age:
— OptaSTATS (@OptaSTATS) March 17, 2026
LeBron James – 25-53
Kevin Durant – 25-192 pic.twitter.com/RMOhfOVdi1
Лејкерси сега се на третото место во Западната конференција на НБА лигата со 43 победи и 25 порази, додека Хјустон е на четвртото место со скор 41-26.